×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложбата „Сеќавања на делата на археолозите Блажо Ѓеорѓиевски, Ленка Трајковска и Јовица Станковски“ вечерва во Уметничката галерија Куманово

    03.12.2024 12:38 | KumanovoNews

    Во Уменичката галерија во Куманово, вечерва во 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии „Сеќавања на делата на археолозите Блажо Ѓеорѓиевски, Ленка Трајковска и Јовица Станковски“, од Мирослав Петковски, виш кустос-археолог во НУ Музеј-Куманово. 

     

    Изложбата „Сеќавања на делата на археолозите Блажо Ѓеорѓиевски, Ленка Трајковска и Јовица Станковски“ вечерва во Уметничката галерија Куманово

    Изложбата е повод јубилејот 60 години постоење и работа на Кумановскиот музеј.

    „Станува збор за изложба на фотографии кои се поврзани со животот и работата на три истакнати музејски работници, археолозите Блажо Ѓеорѓиевски, Ленка Трајковска и Јовица Станковски. Сите тројца биле дипломирани историчари на уметност со археологија, кои со својот работен ангажман дале голем придонес во археологијата. Изложбата ја подготвувавме речиси целата 2024 година, собравме фото материјали, цртежи и други материјали за колегите. За секој од нив имаме фотографии и други матерјали, поврзани со професионалниот ангажман и приватниот живот“, вели авторот Петковски.

    Блажо Ѓеорѓиевски (1957-1994) е основач на археолошкото одделение.  Голем интерес покажувал за локалитетот „Жеглиговски Камен – Костоперска Карпа“, притоа трудејќи да ја оформи целосно сликата за стратиграфијата на локалитетот. Работел и на старите патни комуникации и се занимавал со тоа прашање, кое пред се било врзано за Кумановскиот регион. Покрај релативно краткиот работен век, успеал зад себе да остави дело достојно за почит. За жал неговиот живот прерано згаснал, но ќе остане запаметен  како човек со нескротлив дух, прекрасен сопруг и татко, одличен археолог, сакан и почитуван меѓу колегите од својата струка.

    Ленка Трајковска (1951-2009) извонреден теренец и организатор на работата. Член на повеќе стручни екипи по локалитетите во Кумановско, но и во земјата. Вљубеничка во праисторијата и локалитетот „Градиште“, во с. Пелинце. Најголемиот дел од својот работен стаж, Ленка го посветила токму на овој локалитет. Нејзиниот труд оставил длабоки и неизбришливи траги во археолошката работа. 

    Јовица Станковски (1949-2020) е човек со широка лепеза на знаења, вљубеник во археологијата, но и во природата. Личноста од која започна приказната за Мегалитската опсерваторија „Кокино“ и понатаму се прошири на светско ниво. Добар дел од својот работен стаж во кумановскиот музеј Јовица го посветил на археолошките истражувањата на Кокино, но работел и на други локалитети. Како заљубеник во природата бил одличен познавач и на голем број печурки. Својата истражувачка работа се трудел да ја преточи на хартија, со што значително ја збогатил археолошката научна мисла. 

    Изложбата ќе биде поставена во Уметничка галерија во Куманово до 13. декември.