Изложбата “Скици 2014“ ќе гостува во Штип
28.10.2014 10:24
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Ацо Шопов“ во Штип утре во 12 часот ќе биде отворена изложбата “Скици 2014“.

Гостувањето се реализира во соработка со Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ од Куманово. Ќе бидат изложени дела од Момчило Аврамовски, Борис Кукуњавски, Трајко Тошевски, Александар Симоновиќ - Симо, Марија Величковска, Дејан Арсовски - Бабата, Зоран Арсовски - Бабата, Далибор Крстевски и Наташа Петковска.