Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во тек е триеналната изложба на дела од Детски ликовен камп АСНОМ во 2011, 2012 и 2013 година.
Изложбата содржи 23 слики изработени во техника акрил на платно и 41 графика - техника монотипија.
Во изминатите три години на постоење, Детскиот ликовен камп АСНОМ се покажа како вистински иновативен вон - наставен културно - едукативен камп, во кој млади ликовни таленти од основните училишта во Општина Куманово се едуцираат и творат во областа на ликовното творештво преку ликовна инструктажа на ликовни педагози, - вели Нино Величковски, директор на Фондација за култура и спорт.
Проектот го реализира Фондација за култура и спорт со поддршка на локалната самоуправа.
По завршување на изложбата делата ќе бидат продадени, а сретсвата донирани за Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост “Порака наша“.