×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Измамници за огревно дрво оперираат во Куманово

    14.08.2013 13:39 | KumanovoNews

      Неколку повозрасни кумановци биле жртви на изманинци од липковско, кои им ветиле дека ќе им донесат дрва за огрев и откако им земале капара исчезнале.

    Измамници за огревно дрво оперираат во Куманово

    Во Кумановската полиција од почетокот на месецот биле пријавени четири случаи во кои граѓаните се жртви на измама.

    Измамниците ги лажат граѓаните дека ќе им набават огревни дрва по пониска цена, при што им бараат одредена сума на пари, а потоа не ја исполнуваат превземената обврска. Жртвите ги наоѓаат на пазарот додека бараат да купат дрва- велат од полицијата.

    Измамените најчесто давале капара од 8000 и 9000 денари, па откако виделе дека останале без дрва и без пари пријавиле во полиција.Од СВР Куманово велат дека работат на откривање на групата изманици кои оперира низ градот и апелира до граѓаните да бидат внимателни и да не наседнуваат на измамите.