Изменет режим на автопатот Скопје-Миладиновци-Куманово
13.02.2016 13:36
| KumanovoNews
Според сообраќајниот проект за времена измена на сообраќајот на патен правец Скопје – Миладиновци –Куманово, сообраќајот ке се одвива (десно после наплатна станица Миладиновци) преку автопатот Куманово – Велес се до клучката кај аеродромот Александар Велики до приклучокот на автопат Велес – Куманово .

Дежурната екипа на Македонија пат нè извести дека сите патни правци што се под нивна надлежност се проодни и чисти, а сообраќајот се одвива во зимски услови. Се препорачува внимателно возење поради појава на голомразица во вечерните и утрински часови.