×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изучување на хрватски јазик во „Браќа Миладиновци“

    09.09.2015 12:45 | KumanovoNews

    Хрватската заедница во Македонија огранок Куманово организира часови за изучување на хрватскиот јазик во основното училиште “Браќа Миладиновци“.

    Изучување на хрватски јазик во „Браќа Миладиновци“

    Можат да се пријават сите заинтересирани на возраст од 7 до 18 години за да го изучуваат јазикот.

    Ова го правиме трета година по ред. Курсот е за сите млади на возраст од 7 до 18 години, без разлика на националност, вера или во кое училиште се школуваат. Целта е оние кои се Хрвати да го научат мајчиниот јазик, но и сите други доколку се заинтересирани да го совладаат јазикот - вели Иван Шеркиниќ, претседател на Заедница на Хрватите во Македонија огранок Куманово.

    Шеркиниќ вели дека претходните години имало солиден одзив, а сите кои сакаат да го учат хрватскиот јазик повеќе информации можат да добијат на 077 505 363 или 071 337 657.