Извидници од „Скаут“ им помагаат на бегалците
01.02.2016 08:53
| KumanovoNews
Извидници од извидничкиот одред „Скаут“ се ангажирани на Табановце, за помош на бегалците кои транзитираат низ Македонија.

Досега работевме на обележување на патеки и правење на патокази, давање на прва помош, спроведување на лица, носење на болни и инвалидизирани лица, делење на храна и топли напитоци и друго. Работиме да им помогнеме на луѓето побезбедно и брзо да стигнат на границата со Република Србија - велат од „Скаут“.
Извидниците од септември ги користат своето знаење и искуство да им помогнат на овие луѓе и ќе продолжат да работат се додека е потребно.