Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Извидници од одредот “Скаут“ утре заминуваат на тридневен семинар во Охрид на кој ќе научат како самите да се застапуваат во општеството.
Од Куманово ќе учествуваат шест луѓе, а јас ќе бидам еден од четирите тренери. Ќе има луѓе од цела Македонија. Според самиот наслов на темата, младите ќе научат да се застапуваат во заедницата, ќе разработат стратегии за комуникација, некои други вештини кои се потребни во денешно време - вели Слаѓан Станковиќ, претседател на “Скаут“.
Ова е четврти ваков семинар организиран за извидничките одреди во земјава.