Ја истепал да не сведочи на суд за силување
01.03.2013 13:24
| KumanovoNews
З.Р.(56) од Куманово, кон средината на месецот ја истепал М.Л.(36) за да ја заплаши да не доаѓа на судење.

Инцидентот се случил на ул. „11-ти Октомври“, кога пријавениот ја сретнал жената и почнал да се расправа со неа, а потоа се заканил дека ќе ја убие ако се појави како сведок во постапката против него за силување. При тоа се изнервирал и физички ја нападнал нанесувајќи и телесна повреда.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Р. за сторено кривично дело „незаконито влијание врз сведоци“.