Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец ја истепал сопругата вчера, а утрово и нанел 20 убоди со нож во градите бидејќи го оставила.
Расправијата меѓу сопружниците започнала вчера кога А.Д.(20) му соопштила на сопругот М.Д.(27), дека повеќе не може да живее со него и сака се врати кај нејзините родители. Изреволтиран од она што го слушнал, сопругот ја нападнал жената, удирајќи ја со тупаници и клоци по главата и телото и се заканил дека ќе ја убие ако ја реализира замислата. Тогаш А.Д. му ветила дека нема да го остави. Кога тој излегол од дома, го повикала татко и и случајот го пријавиле во полиција.
М.Д. е приведен заради расчистување на случајот и набрзо бил ослободен.
Насилникот утрово, околу 9 часот дошол во куќата на нејзините родителите во населбата Доброшане и ја нападнал сопругата. Мајката на девојката се обидела да помогне, но тој ја пробол со нож во раката. Жената избегала надвор да го повика сопругот, а насилникот и нанел 20 убоди во градите на нејзината ќерка.
Родителите ја пренеле повредената жена во Кумановската болница, каде било утврдено дека има 20 убоди од нож во градниот кош. Поради сериозноста на повредите пренесена е во Ургентниот центар во Скопје, каде се бори за живот.
М.Д. од порано и познат на полицијата како насилник за што има пријави за загрозување со опасно орудие при тепачка и караница, прикажување на порнографски матерјал на малолетник и тешка кражба.