×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ја нема нема бистата на Магдалена Антова во Соколанскиот парк, не се знае дали е украдена или заборавена

    24.09.2024 13:24 | Оливера Пешевска

    Речиси цела година ја нема бистата на Магдалена Антова во Соколанскиот парк во Куманово, но никој нема информација каде е, дали е украдена или некаде е тргната и  заборавена.

    Ја нема нема бистата на Магдалена Антова во Соколанскиот парк, не се знае дали е украдена или заборавена

     Изчезнала во периодот кога се вршела реконструкција на паркот минатата година, некаде во периодот октомври- ноември 2023 година. Сега во паркот стои само постаментот , а бистата ја нема.

    „Додека работевме на гребење, вадење на асфалтот од патеките и демонтажа на клупите во паркот наши работници пријавија дека ја нема бистата. Информиран е налогодавачот, имаше посета на луѓето од општинските служби. И ние се соочувавме со непријатни случки, кражби кои се случуваа преку ноќ, недостасуваат кабли, дел од извадениот материјал. Навистина немам информации кој би можеле да ја земе, ниту имаме такви надлежности“, истакна Игор Димовски, управител на „Интеко Иван ДООЕЛ“ од Скопје.

    Во Општина Куманово и во Сојуз на борци Куманово воопшто не знаат дека ја нема бистата. Во ЈП „Чистота и зеленило“ се запознаени со состојбата. Во полицијата постои пријава, но за детали од пријавата ќе информираат дополнително.

    Според историчари на уметноста бистите најверојатно се направени од гипс или глина, премачкани со бронза. Доколку некој и ја украде за материјална корист, нема да се офајди многу, единствено ќе направи штета.

    Според Законот за меморијални споменици и спомен обележја локалната самоуправа е должна да води регистер на спомен- обележја на територијата на својата општина. Такви регистри можат да се најдат за општините Делчево, Крива Паланка, Ѓорче Петров, Кавадарци, Чашка за реонот на Преспа, Чашка. За Куманово, најголемата општина во државата може да се најдат за Спомен Костурницата, Меморијалната куќа на Христијан Тодоровски- Карпош, на Загинатите авијатичари, споменикот на Батко Ѓорѓија и Четири бандери на Градскиот плоштад, Споменикот на Револуцијата, Споменикот на Народноослободителната војна и на Јосип Броз Тито на малиот плоштад.  На интернет список или регистер на бисти во Куманово не можат да се најдат.     

    Магдалена Антова е македонска партизанка, учесничка во Народноослободителната борба (НОБ). Била член на „Карадачкиот одред“ кои во борба против фашистите излегле на 12 октомври од Менкова Колиба. Загинала на 14 октомври 1941 година во Белановце, откако одредот бил опколен од бугарската војска. Покрај неа во битката загинале Боро Менков, Перо Георгиевски - Чичо, Киро Бурназовски, Аритон Димковски - Тонко, Бајрам Шабани, а Наце Ивановски - Буѓони е стрелан на лице место. Магдалена Јорданова Антова била прва жена борец која загинала во народноослободителната војна.