Ја турнал сосетката на улица и тешко ја повредил
22.06.2020 17:50
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.В.(68) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда.
Пријавениот на 28.05.2020 околу 13,30 часот на ул.„424“ во Куманово, додека поминувала неговата сосетка Ѓ.Д.(70) од Куманово, ја турнал на асфалтот, при што таа се здобила со тешка телесна повреда.