×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ја турнал виљушкар, газдата пријавил дека паднала сама

    12.04.2013 15:24 | KumanovoNews

    Менаџер и шефица во фирмата „ДС Фудс“ во Куманово, сокриле дека   виљушкар удрил работничка додека била на работното место, туку лажно пријавиле дека самата се повредила.

    Ја турнал виљушкар, газдата пријавил дека паднала сама

    Грчкиот државјанин С.К.(24), кој живее во Куманово и С.С.(24) од Куманово ги фалсификувале доказите и ги натерале вработените да лажат за несреќниот случај.

    Инцидентот се случи во октомври мината година, кога сезонски работник со виљушкар ја повредил жената. Тогаш С.К. како менаџер во фирмата не го пријавил случајот во полиција, туку ги уништил трагите од извршените кривични дела. По ова, и наложил на С.С. да ги повика работниците кои биле очевидци на настанот, и да ги натера да потпишат лажни изјави дека наводно повредената работничка не била удрена од виљушкар, туку дека се лизнала на подот и самата се повредила.

    Жената била пренесена во Кумановската болница, а поради сериозноста на повредите се лекувала во Скопје. Кратко потоа починала.

    Полицијата поднела кривични пријави до менаџерот на фирмата и работникот кој го управувал виљушкарот, а сега обвинението се дополнува на менаџерот и шефицата за помагање на сторител во извршено кривично дело.