×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јакимовски: Куманово е безбеден град

    07.05.2012 14:14 | KumanovoNews

     Куманово е безбеден град и граѓаните немаат причина за загриженост, по последните случувања во државата- порача началникот Моме Јакимовски на дненешната прослава на Денот на полицијата.

    Јакимовски: Куманово е безбеден град

    Тоа е глобален проблем, на глобално ниво и било кој да каже дека немoже да биде зафатен, може да погреши. Но јас ве уверувам дека Куманово е безбеден град во тој дел- изјави началникот.

      Тој објасни дека интензивно се работи и се преземаат мерки за зголемување на безбедноста во градот, но и на подобрување на условите за работа.

    СВР Куманово гравитира на две граници и на значајни патни правци, и е многу тежок град во однос на одржување на безбедноста. Ние во моментот вложуваме во едукација на човечките ресурси, подобрување на метерјално техничките сретства и наоѓање на решение за просторниот проблем. Старата зграда планираме да ја замениме со нова, каде ќе има подобри услови за работа. Се надевам дека тоа ќе биде решено до крајот на годината- изјави началникот Јакимовски.

    Во СВР Куманово денеска беше прославен Денот на полицијата. По тој повод беше организиран прием за вработените и гостите од градот. Присутните ги поздрави првиот полицец, кој на вработените им го честиташе празникот, а на пензионерите и подели подароци.