×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јаневски добитник на интернационална награда за фотографија

    14.07.2014 08:54 | KumanovoNews

    Кумановскиот фотограф Марјан Јаневски Шалајко, член на фото кино клуб Козјак, добитник е на две награди на ФИАР, Интернационална федерација на уметничка фотографија, во Бјељина, Босна и Херцеговина.

    Јаневски добитник на интернационална награда за фотографија

    Јаневски конкурирал на Меѓународната изложба на фотографија „Арт-фото галери 2014„, на која ќе учествува со 10 фотографии.

    Две од фотографиите се наградени и тоа за мене претставува голема чест и признание. На изложбата пристигнале 7169 фотографии од 364 автори од 63 држави. Освојување на две награди во толку јака конкуренција претставува голем предизвик и за понатаму-изјави Јаневски.

    Првата меѓународна изложба во Бјељина ќе биде отворена на 30 јули, а ќе трае до 14 август.