Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До 17 април земјоделците можат да аплицираат за добивање на средства од ИПАРД програмата.
Се нуди можноста за набавка на земјоделски машини и механизација со враќање на 50 отсто од средствата, помош за обнова на лозови и овошни насади, систем капка по капка, модернизирање на пластеници, доградба на фарми и друго.
- За лозови насади за да се аплицира за обнова потребно е да има минимум површина од 3 декари, за модернизирање на пластеник да има површина од 2 декари, за расадници потребен е 1 декар, за зеленчук 0,2 декари. Сите кои се заинтересирани можат да дојдат кај нас и да добијат материјали со повеќе информации - вели Живка Наумова, раководител на Агенција за поттикнување на развојот во земјоделството.
Во рамки на ИПАРД програмата може да се аплицира и за развој на селски туризам.