Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Директорите на јавните претпријатија и установи вчера се сретнаа со претставниците на ЈП „Кумановогас„ и одржаа договорен состанок во врска со понатамошните активност за гасификација на нивните објекти. На состанокот присуствуваше и градоначалникот Зоран Дамјановски.
Целта на овој договорен состанок е распишување на тендер за избор на претпријатие кое што ќе изврши адаптација на постопечките системи за грење од мазут и нафта на гас. Тоа е процес во кој треба да се адаптираат самите котли и безбедносните системи во околината на самите котли. Со тоа ќе започнеме со приклучување на дистрибутивната гасна мрежа во градот и се надевам дека процесот ќе се заврши во предвидени законски рокови за јавни набавки и со грејната сезона ќе почне дистрибуцијата на гас до сите јавни установи, големите потрошувачи - рече градоначалникот Дамјановски.
Во првата фаза на приклучување на гасоводната мрежа ќе влезат институциите и установите од централното градско подрачје, каде е изградена гасоводната мрежа. Тоа се основните училишта „11 Октомври„, „Крсте Мисирков„,„Браќа Миладиновци„, гиманазијата „Гоце Делчев„, детската градинка „Синоличка„, дом за стари лица „Зафир Сајто„, јавните претпријатија „Чистота и зеленило„, „Водовод„, Општината, Полицијата, Судот и др.
Нашите финансиски испитувања покажуваат дека гасот ќе направи заштеда во енергетската ефикасност некаде околу 40 проценти. Мислам дека прво финансиски издатоци на самите јавни претпријатија ќе бидат намалени, а втора е еколошката компонента, бидејќи десетпати помало е загадувањето со овој енергенс- смета Дамјановски.
Градоначалникот ги повика и граѓаните во индивидуалните или колективни домувања кои имаат желба и потреба да се приклучат на гасификациона мрежа на „Кумановогас„ да побараат повеќе ионформации во самото претпријатие.