×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЈП „Пазариште“ има долг од 173.000 евра, доцни исплатата на плати

    17.04.2025 12:57 | Оливера Пешевска

     ЈП „Пазариште“ од Куманово работи со загуба од 8,3 милиони денари и има недоспеани обврски кон добавувачи од околу 2,4 милиони денари,  вкупно 10.7 милиони денари  или над 173.000 евра.

    ЈП „Пазариште“ има долг од 173.000 евра, доцни исплатата на плати

    Претпријатието доцни со исплата на платите, при што вработените ја добиле февруарската плата дури во текот на оваа седмица.

    Директорот Газим Кадриу истакна дека „Пазариште“ е единствено јавно претпријатие кое за својата работа не добива пари од граѓаните, туку обезбедува средства само од закупците на тезги.  Тој објасни дека во текот на 2023 и 2024 година има зголемување на трошоците, пред сè поради растот на минималната плата, додека приходите не го следат истиот тренд. Месечниот фонд за плати се зголемил на околу 2,3 милиони денари, а со дополнителни трошоци за ДДВ и електрична енергија, расходите достигнуваат до 3 милиони денари месечно. Нивните приходи се околу 2,2 милиони денари.

    „Се бележи разлика од 8 милиони денари во делот на плати кои не можеме да ги обезбедиме, и покрај тоа што имаме и зголемување на цените на тезгите. Финансискиот извештај укажува на несразмер меѓу приходи и расходи. Во моментот сме во минус со една плата, а можеби нема да може да се исплати и втората. Приходите се ограничени и покриваат само дел од трошоците за вработените, затоа очекуваме помош од Општината“ рече Кадриу.

    Советникот Благојче Јаќимовиќ потсети дека Советот и претходно финансиски им помогнал, со зголемување на основачкиот влог и исплата на обврски, но побара објаснување на одредени ставки.

    „Би сакал појаснување за можни награди и покачувања на плати, ангажмани на вработени надвор од систематизација, како и за конкретни податоци околу цветниот пазар и користењето на просторот кај „Елида““, запраша Јаќимовиќ.

    Директорот на ЈП „Пазариште“ објасни дека дел од вработените биле ангажирани дополнително за подобро функционирање на „Бувљакот“ , кој бележи пад на приходи од 480.000 денари во споредба со лани. Намален интерес има и кај Зелениот пазар, при што дел од закупците бараат анулирање на договори, но како што истакна тој, тоа не е можно поради законските рокови.

    Во однос на цветниот пазар, директорот кажа дека договорите се потпишани и податоците ќе бидат вклучени во извештајот за 2025 година. За узурпацијата на деловен простор кај поранешна „Елида“, информираше дека се работи на решавање на спорот со поддршка од надлежните институции.

    На прашање на советничката Арта Мехмеди Адеми директорот одговори дека нема нови вработени освен двајца кои се вратиле по мирување на работен однос, а интелектуалните услуги се однесуваат на одржување на програмите во секторите за финансии и тезги.

    Советникот Менду Асани предложи радикално решение- Советот да ја разгледа можноста ЈП „Пазариште“ да се интегрира со друго јавно претпријатие, како една од потенцијалните насоки за стабилизирање на неговото работење.

    Ситуацијата со ЈП „Пазариште“ останува предизвик за локалната самоуправа.