×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЈП “Водовод“ бележи позитивно работење

    13.12.2012 14:30 | KumanovoNews

     Во ЈП “Водовод“ има подобрување во финансиското работење, по двегодишен негативен тренд. Ова денеска беше објавено на седница на Советот на Општина Куманово, каде беше разгледан извештајот за работа на претпријатието од јули до септември.

    ЈП “Водовод“ бележи позитивно работење

    Советниците од ВМРО - ДПМНЕ и Kоалицијата за подобра Македонија рекоа дека овој позитивен тренд во работењето се должи на покачување на цената на водата и субвенционирањето на сметките за стечајци и социјалци, кои го покрива локалната самоуправа. Тие имаа забелешки дека сумите потрошени за репрезентации се високи.

    - Директорот вети дека ќе намали некои ставки. Има намалување на одредени ставки, но тие даваат многу мал прилог за работата на претпријатието. Ставките кои се отидени до плафон никако да се намалат. За репрезентации се трошени 2.300 евра месечно или 100 евра по работен ден. Ова е премногу за претпријатие во криза. Со тие пари месечно живее некое петчлено семејство - кажа Бобан Николовски, координатор на советничка група на ВМРО - ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.

    Директорот на ЈП“Водовод“, Виктор Божиновски потеницираше дека оваа година ја завршуваат со позитивно финансиско работење. Тој рече дека во делот на репрезентациите има намалување.

    - Да, се согласив дека репрезентациите се високи, но има намалување на тие трошоци. Не е големо, но има простор за уште намалување. Не би се сложил дека на поле на развојната компонента ништо не е направено. Реконструиравме мрежи на седум улици. Едни од нив се “Стојан Сликар“, “Пере Тошев“, „29 февруари“ и други. Сега чекаме одобрение од секторот за урбанизам за реконструкција на мрежа во Бедиње - изјави Божиновски.

    Тој рече дека оваа мрежа ќе го опфати делот каде има индустриски објекти на улица “11 Ноември“ и ќе биде во должина од над 1 км.