Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
В.Љ.(43) сопственик, Е.З.(27) и Б.К.(35) управители во „ВВВ Интернет Груп“ ќе одговараат за незаконско дистрибуирање на ТВ канали.
Пријавените, без одобрение на овластениот дистрибутер вршеле дистрибуција на повеќе ТВ канали на подрачје на Општините Липково и Куманово. При извршена контрола, во просториите на претпријатието се пронајдени и одземени 26 ресивери и една картичка за декодирање и пренос на заштитениот сателитски канал.
Одговорните ќе одговараат за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.