×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Каде печалбарите да инвестираат во Куманово?

    11.07.2012 07:10 | KumanovoNews

    Општина Куманово треба да им понуди идеи на печалбарите во Ирак и Авганистан каде да ги инвестираат своите пари, едногласни се советниците.

    Каде печалбарите да инвестираат во Куманово?

    Истражувањето направено од Центарот за економски анализи од Скопје потврди дека има околу 4500 кумановци кои заработуваат огромни суми во високо ризичните подрачја, но парите ги трошат исклучиво за купување на недвижности.

    Зоран Петрушевски, советник во Советот вели дека во светски и европски размери капиталот на печалбарите се користи за инвестиции. Според него, Општина треба повеќе да им понуди на оваа категорија на луѓе.

    Се работи за страв, бидејќи тие што веќе вложиле се пазарно изгорени. Нив пазарот ќе ги сомеле. Општината треба да им биде партнер. Ако ние немаме таков лик, нормално дека луѓето едвај дошле до тие пари и посигурно им е да ги стават во банка. За нив каматите се прифатливи. Само ние имаме ваква шанса, другите градови немаат - рече Петрушевски.

    Максим Димитриевски, советник од СДСМ вели на месечно ниво се слеваат по 20 милиони долари, пари заработени во подрачја каде се водат воени дејствија.

    Имам работено во странство една година и точно е дека човек тешко ќе се адаптира овде. Условите таму се сосема спротивни од она што е наше секојдневие во Куманово. Никој нема да дозволи да мудрувате со неговите пари кои се тешко заработени. Пазарната цена на становите е покачена за 50%. Треба да се намали цената, да влезат средства во градежништвото. Најголема пречка е цената на земјиштето. Има многу фирми кои се под кирија - додава Димитриевски.

    Раководителот на Секторот за администрирање на приходи во Општината, Зоран Павловски објасни дека имале состаноци со неколку страни околу трансферот на пари. Смета дека на повратниците треба да се понудат економски зони за инвестирање. Додава дека ќе се подготвува стратегија за локален економски развој за наредните пет години.