×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кај 30 од 60 прегледани во Куманово се откриени оштетувања на црниот дроб во мобилната амбуланта

    30.07.2024 23:16 | Сузана Николиќ

    Од 60 прегледани граѓани во мобилната амбуланта за бесплатни скрининг прегледи на црн дроб во Куманово, 30 имале проблеми со црниот дроб, за кои не знаеле.

    Кај 30 од 60 прегледани во Куманово се откриени оштетувања на црниот дроб во мобилната амбуланта

    Граѓани вчера попладне на Градскиот плоштад дојдоа да направат бесплатен и анонимен тест за хепатит Б, Ц и ХИВ, како и еластографија за проценка на црниот дроб.

    „Дури половина од прегледаните граѓани имаа знаци за оштетување на црниот дроб. Ова е доста алармантно. Тоа не значи дека сите имаат инфекција, туку дека имаат лош начин на живот, лоша исхрана, користење на многу лекови, пиење алкохол“, изјави директорот на Општа болница Куманово, д-р Стефан Трајановски.

    Мобилната амбуланта за бесплатен и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб се организира по повод одбележување на Светскиот ден на црниот дроб.

    Национална кампања за скрининг на црн дроб, се одвива во 10 градови во државата, а започна вчера во Скопје и Куманово.

    Кампањата ја организираат Министерството за здравство, „Хепар центар“ од Битола и Клиниката за гастроентерохепатологија.