Кај девет фирми откриени неправилности во работењето
14.11.2014 15:18
| KumanovoNews
Кај дeвет кумановски фирми месецов се откриени неправилности во работењето.

УЈП, МВР и Државниот пазарен инспекторат во период од 4 до 12 ноември извршиле даночни контроли во 11 фирми во Куманово, при што неправилности се констатирани кај девет.
Редовните инспекциски контроли на МВР, УЈП и Државниот пазарен инспекторат продолжуваат. Контролите се спроведуваат на целата територија на Македонија и се насочени пред се кон ризични обврзници кај кои постојат сознанија дека не се почитува законот за пушење, не се почитува работното време и не се регистрира готовинскиот промет.