Мени

Кај кумановец пронајдени 28 универзални клучеви и алат за отворање брави

15.01.2026 13:45 | KumanovoNews

При рутинска полициска контрола во Куманово, кај 40-годишен кумановец биле пронајдени и одземени 28 универзални клучеви и алат за отворање брави.

Кај кумановец пронајдени 28 универзални клучеви и алат за отворање брави

„Поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело”, соопшти МВР. 

На 14. јануари во Куманово, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило во кое биле пријавениот со уште едно лице, при што во возилото биле пронајдени и одземени 28 универзални клучеви за отворање брави и разни алатки за отварање на брави и други предмети.