Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Трговци и сточари со камиони кај стадионот продаваат овци за престојниот муслимански празник, Курбан Бајрам.
Една овца зависно од големината се продава по цена од 50 па се до 200 евра. Трговците велат дека се до празникот ќе бидат кај стадионот, но се жалат дека продажбата слабо оди.
Од денеска сум тука. Имам седум овци донесено, и плус уште педесет , ама нема продажба. Има многу овци, има многу конкуренција. До четврток навечер ќе бидеме тука. Утре очекуваме повеќе купувачи - кажа Фидан Асановски, трговец од Куманово.
Тие велат дека досега немале никакви проблеми со инспекциските служби, иако на оваа локација продаваат добиток за празникот со години.
Моментално нема продажба. Нема пари. Таква ни е ситуацијата во градот и во државата. Трет ден сум тука и продадов само три овци, а планирам да продадам дваесет - изјави друг трговец.
Курбан Бајрам се празнува во четврток и на празничната трпеза верниците ќе подготват ручек со овчо месо.