×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Кајмак“ - новиот филм на Манчевски ќе се прикажува во Куманово

    16.11.2022 13:12 | Сузана Николиќ

    Новиот игран филм на најнаградуваниот македонски режисер Милчо Манчевски „Кајмак“, од утре (четврток) ќе се прикажува во Младинскиот културен центар „Козјак“ во  Куманово со почеток во 20 часот. Проекцијата на филмот ќе биде истовремено во 30 градови низ земјата.

    „Кајмак“ - новиот филм на Манчевски ќе се прикажува во Куманово

    Продажбата на влезниците за филмот започнува денеска во канцелариите на МКЦ „КОЗЈАК“ и пред започнување на филмот на билетарата од 18 часот. Цената на билетот е 150 ден.

    „Кајмак“ е љубовна приказна за возрасни, црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода.

    „Комшијата е најважната институција во една малограѓанска средина. Но, секое добро уметничко дело те кани да го ѕирнеш светот со поинакви очи. „Кајмак“ ја кани публиката да не суди, туку да сочувствува со ликовите – а сите тие се во исто време и жртви и душмани“, вели Милчо Манчевски.

    По сценарио и режија на Манчевски, во филмот играат: Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.