×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Кам-маркет“ нов сопственик на дел од имотот на „Житомел“

    13.05.2022 11:35 | Сузана Николиќ

    Фирмата „Кам - маркет“ купила дел од имотот на пропадната Фабрика за производство на леб и бели печива „Житомел“. Новите сопственици веќе започнаа со реконструкција на три згради, откако добиле одобрение од општината.  

    „Кам-маркет“ нов сопственик на дел од имотот на „Житомел“

    „Се работи за реконструкција на дел од објектите, кои што се купени, претпоставувам по завршување на стечајната постапка. Барателот на реконструкцијата е фирмата „Кам маркет“ и самото одобрени се однесува за реконструирање на постојните објекти со цел истите да бидат ставени во функција за користење“, изјави раководителката на Секторот за урбанизам при Општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска.

    Таа додава дека засега немаат информација за судбината на останатиот дел за имотот.

    Имотот на некогашен „Житомел„ е во самото градско подрачје и со години наназад беше оставен без заштита и пропаѓаше поради матната приватизација. Откако се украде и уништи се што беше вредно, стана руина и свртилиште на нарко-зависници и бездомници. 

    Граѓаните посакуваа овој простор да се даде на општината и државата да се помогне да се изградат нови капитални објекти и содржини, кои ќе бидат во интерес на граѓаните и градот.