Каменуван автобус со средношколци во Љубодраг
21.03.2012 09:04
| KumanovoNews
Автобус кој превезувал средношколци од Куманово за селото Никуштак синоќа бил каменуван, при што две девојчиња завршиле во болница, како последица на шок.

Инцидентот се случил во 19.30 часот, кога три непознати лица почнале да фрлаат камење додека автобусот се движел. При тоа се скршени две стакла, а од разлетаните срчи неколку деца биле исечени по лицето. Автобусот запрел, шоферот излегол и видел три лица како бегаат кон селото.
Повредените девојчиња по укажаната лекарска помош се пуштени дома.
На лице место излегла полицијата која работи на откривање на напаѓачите.