Камион прегази велосипедист во Добрешане
Камион синоќа прегазил велосипедист на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во населбата Добрешане, во близина на некогашната кланица.

Повредениот С.С.(62) од населбата Добрешане е пренесен во кумановската болница, но поради сериозноста на повредите префрлен е на лекување на скопските клиники. Неговата здравствена состојба е неизвесна.
Несреќата се случила синоќа во 17.45 часот, камионот со кој управувал М.Т.(58) од Куманово додека се движел од периферијата кон градот, во неосветлен дел на пато удрил со десната предна страна во велосипедистот.
Полицијата и јавен обвинител изврши увид на лице место и работи на откривање на околностите под кои се случила несреќата. Жителите на Доброшане велат дека на регионалчниот пат во нивната населба често се случуваат сообраќајни несреќи, кои завршуваат со фатални последици.