×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кампања „Пролетно будење„ на К-Нет

    28.04.2010 15:12 | KumanovoNews

     Кабелската мрежа за пренос на електронски податоци К-Нет, започна со кампања наречена „Пролетно будење„ со која на граѓаните им нуди промотивни пакети за интернет и фиксна телефонија по многу поволни услови.

    Кампања „Пролетно будење„ на К-Нет

     Она на што посебно се гордееме и што им го нудиме на граѓаните е најбрзиот интернет во градот. Нашата понуда од 30 MBps е единствена во државата. Најатрактивна, а воедно и најбарана услуга е интернет пакетот од 550 денари. Во овој пакет корисниците добиваат пристап до интернет со 10 Mbps, со вклучени 15 GB сообраќај. Истовремено ние сме претставници на фиксната телефонија Неотел за Куманово, без месечна претплата и со цени многу пониски од другите- рече Фросина Здравковиќ, претставник на К-нет.

     Цените на меѓународни разговори кон САД, Канада, Германија, Швајцарија, Белгија и Западна Европа изнесуваат 5,5 денари за една минута, додека за Србија и Бугарија за 9,5 денари. Како застапници на Неотел, нудат и бежичен WIMAX пристап, бежична технологија од 4-та генерација, што овозможува користење на различни локации, подвижно, со голем квалитет и стабилност.

     Кабелската мрежа на К-Нет постојано се надоградува. Централното градско подрачје е комплетно покриено, а интензивно се работи во населбите Зелен Рид, „Перо Чичо„,„ Тоде Мендол„. Во најскоро време мрежата ќе се прошири на улицата „Никола Тесла„ и населбата Карпош.

    Седиштето на К-Нет се наоѓа во Народна техника, на ул. Тане Георгиев бб (циганско сокаче), во реновирани просторииии, комплетно прилагодени за потребите на нивното работење.