×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Карантин за Куманово од четврток навечер до понеделник наутро, предлага Комисијата за заразни болести

    03.06.2020 15:36 | KumanovoNews

     Комисијата за заразни болести доставила предлог до Владата, да се воведе карантин за кризните подрачја Скопје, Тетово и тетовско, Куманово и кумановско и Штип веќе од четврток во 21 часот да трае до понеделник наутро во пет часот.

    Карантин за Куманово од четврток навечер до понеделник наутро, предлага Комисијата за заразни болести

    За останатиот дел од државата се препорачува да се воведе полициски час секој ден од петок во 16 часот до 5 часот наутро и би траел до понеделник.

    Владата попладнево треба да одлучи за предлозите на Комисијата.

    Комисијата се реши на ваков потег поради заканите од ширење на коронавирусот за претстојниот продолжен викенд за Задушница и Духовден и затоа што мерките за заштита не се почитуваат. Дополнително, во одредени делови од земјата,  многумина од суспектните случаи одбиваат да се тестираат и да ги кажат контактите и не може да се утврди точната бројка на заразени.