“Карпош“ успешно се претстави на “Невенско оро“
23.09.2013 10:50
| KumanovoNews
На првиот фестивал “Невенско оро“ во Ниш, КУД “Карпош“ се претстави со помладите играорци кои пред присутните играа два сплета.

Играоците се презадоволни од пречекот, организацијата и настапот.
Ние добивме најдолг и најсилен аплаус од сите 19 ансамбли кои учествуваа на “Невенско оро“. Организаторите беа задоволни што бевме дел од фестивалот, бидејќи сме од соседна држава. Воспоставивме многу нови контакти, и очекуваме соработка во иднина - вели Стојче Стефановски, претседател на КУД„Карпош“.
На првиот детски фолклорен фестивал “Невенско оро“ учествуваа играорци од Бугарија и од повеќе српски градови.