Карпошова вечер организираат армиските и полициски ветерани
Во клубот на резервни старешини “Христијан Карпош“ во чест на истоимениот херој, утре во 18 часот ќе се одржи Карпошова вечер.
По тој повод се организира културно - забавна програма на Здружение на армиски и полициски ветерани и Здружение на пензионери.
Во четврток Сојузот на борци организира посета на куќата на херојот Карпош. Христијан Тодоровски - Карпош е роден на 3 септември 1921 во Куманово, загинал на 7 февруари 1944 Биљача, прешевско.
Како студент бил член на СКОЈ уште од 1940 година. Поради неговите прогресивни идеи и неговото искрено искажување за Македонското прашање и комунистичките идеали, бил избркан од средното училиште и не му било допуштено да се запише во било кое друго средно училиште во тогашното Кралство Југославија.