Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Горан А.(31) од Кавадарци крадел машини од погоните на КЕН во Куманово. Кавадарчанецот, кој знаел дека имотот на КЕН е необезбеден, минатиот месец однел четири машини, а деновиве се подговувал да украде уште толку.
Полицијата го фатила на лице место вчера наутро кога дошол со комби во кругот на фабриката и започнал да ги демонтира машините. Ги продал во Кавадарци на непознато лице, а причинета е матерјална штета од 15 милиони денари.
Кавадарчанецот тврдел дека машините ги демонита и ги продава по налог на Бајруш Сејдиу и неговото семејство. Легално си изнајмувал камион и вилшкар од една кумановска фирма за што уредно си плаќал на фактура.
Фабриката КЕН по операцијата Пепел му е одземена на Сејдиу и вратена на државата. Сега е во сопственост на Агенцијата за управување одземен имот при Владата на РМ, но никој не ја обезбедува и постојано е цел на крадци.
Уште поалармантана е состојбата во Житомел, од која останаа само распаднатите згради.
Од кумановската полицијата велат дека од поранешниот имот на Сејдиу, имаат барање само за Тутунскиот комбинат Куманово, додека за другите фабрики Судот не дал налог за заштита.
Кавадарчанецот ќе одговара за извршувањер на тешки кражби, а од порано и е познат на полицијата.