Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дванаесет казни биле изречени во четири угостителски објекти на подрачјето на Кумановo, по контролата што ја спровеле полицијата и инспекциските служби.
„Врз основа на претходно изготвен план, во периодот од 12.00 до 16.00 часот на 24.април 2025, полициски службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, извршија контрола на четири угостителски објекти на подрачјето на СВР Куманово. При контролата, извршено е легитимирање на 18 лица, а од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се осум глоби на правни и физички лица кои работеле спротивно на одредбите од Законот за угостителство и од страна на Државниот инспекторат за труд изречени се четири глоби на четири правни и физички лица“, соопшти Кумановската полиција.