×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Kазнетите стопанственици ќе протестираат

    15.02.2010 15:59 | KumanovoNews

     Над 300 сопственици на фирми, во четврток од 10 до 12 часот ќе протестираат пред Управата за јавни приходи во Куманово, незадоволни поради големите парични казни што треба да ги платат за ненавремено поднесување на пријави за ДДВ.

    Kазнетите стопанственици ќе протестираат

    По 5.000 евра ќе платат сите оние кои до 15-ти јануари не го пријавиле данокот, а казната може да се преполови доколку се плати во рок од 8 дена од добивањето на решенијата.

      -Имаше многу празници во првата половина на јануари и не успеавме да ги предадеме пријавите. Задоцнивме само неколку дена. Државата треба да има разбирање дека ова се мали фирми кои неможат казната да ја платат,некои дуќани немаат толку стока и инвентар  во дуќанот,а не да платат 5.000 евра казна-изјави еден од стопанствениците.

    Даночните обврзници реагираат и поради тоа што за разлика од останатите градови каде што даночните пријави се поднесувале и наредните два дена по истекување на рокот, во Куманово Управата не ги примала пријавите.Од УЈП велат дека висината на казната е предвидена со законот. Доколку не се поднесе пријава во законскиот рок, на правното лице му следува казна од 4 до 5 илјади евра во денарска противвредност, а глоба во износ од илјада до 2 илјади евра ќе плати одговорното лице во фирмата.