Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Инспекциски служби вчера извршиле контрола во четири угостителски објекти, при што биле изречени пет глоби.
Во информацијата која денеска од Кумановската полиција е доставена до медиумите, не е наведено во кои објекти е изврешна контола и по кој основ се изречени казните за правните и физичките лица.
„Врз основа на претходно изготвен план, во периодот од 11.30 до 16.00 часот на 14.мај.2025, полициски службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, извршија контрола на четири угостителски објекти на подрачјето на СВР Куманово. При контролата, извршено е легитимирање на 20 лица, а од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се четири глоби на правни и физички лица кои работеле спротивно на одредбите од Законот за угостителство и од страна на Државниот инспекторат за труд изречена е една глоба“, соопшти СВР Куманово.