Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од СОУ “Киро Бурназ“ минатата недела освоија второ место на натпревар во Алексинац, Србија за подготовка на славски колачи.
Второ место земавме во конкуренција на 175 славски колачи. Имаше учесници од Бугарија, Црна Гора и Хрватска. Сакаме кај нас да воведеме Денови на слаткарство и пекарство и тоа најверојатно ќе биде во декември. Сакаме да ја промовираме таа дејност во градот и деталите допрва ќе ги дефинираме - вели директорот Горан Јовановиќ.
Ученици од “Киро Бурназ“ ќе учествуваат и на манифестацијата “Празијада“ со свој штанд.