Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска во општина Липково ќе ја започне акцијата на садење на дрвца, како дел од проектот за пошумување на деградирано земјиште на екстремно неповолни терени, со вкупна површина од околу 400 хектари во целата држава.
Целта на акцијата е обновување на шумскиот фонд, заштитување на почвата од ерозија во близина на еден важен капитален стратешки објект, како што е Липковското Езеро, преку кој се обезбедува водоснабдување на оваа општина.
Активноста се спроведува во рамки на проектот кој е финансиски поддржан од Глобалниот еколошки фонд ГЕФ 6, со вкупна вредност од 500 илјади долари, а се спроведува од Министерството за животна средина и просторно планирање со поддршка од Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП).
Акцијата на пошумување е на место наречено Рамниште, во близина на Филтер станицата во Липково.
Садењето на 800 илјади садници, наредниве 24 месеци, ќе се одвива заедно со Јавното претпријатие ,,Национални Шуми” вкупно во пет локации во Северна Македонија: во околината на Липковско Езеро, село Страчинци, Свети Николе, Демир Капија и Гевгелија.
(Фото. архива)