×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се реконструира училиштето во Љубодраг

    03.05.2022 15:18 | Сузана Николиќ

    Оваа недела ќе започне реконструкцијата и училишната зграда на подрачното основно училиште „Карпош“ во кумановското село Љубодраг.

    Ќе се реконструира училиштето во Љубодраг

    Проектот, предвидува реконструкција на покривот, подовите и тоалетите, замена на прозорците и вратите, како и изградба на нов систем за парно греење на пелети. Објектот ќе добие и енергетски ефикасна фасада, нова водоводна инсталација, но и адаптација на санитарните јазли и пристапни рампи за ученици со попреченост.

    „Со реконструкцијата се очекува да се создадат условите за поквалитетна настава на учениците и за работа на наставниците. Покрај реконструкцијата на објекто ќе  се инвестира и во нов инвентар, нови клупи, столчиња, табли“, изјави директорката Тања Тодоровска. 

    Во ова подрачно училиште учат 36 ученици во четири паралелки од прво до петто одделение, со тоа што во комбинирана паралелка учат четврто и петто одделение. Од шесто до деветто одделение овие ученици ја следат наставата во централното основно училиште „Карпош“ во село Умин Дол, каде што реконструкцијата на училишната зграда е во завршна фаза.

    Реконструкцијата со адаптација на подрачното училиште во село Љубодраг ќе се реализира во рамките на проектот „Реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта“, со поддршка на Министерството за образование и Општина Куманово. Градежните работи треба да завршат за четири месеци 

    Ова е прва темелна реконструкција од кога е изградено училиштето од средината на 70-тите години на минатиот век.