Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центарот за култура, утре, четврток, во 19.30 часот ќе биде отворена традиционалната изложба на фотографии „Мајски салон“.
Организатор е Фото Кино клуб „Козјак“ од Куманово, а во рамките на салонот ќе бидат изложени и фотографии од членовите на Фото клуб "Лесковац" од Србија под насловот "Блиски средби".
Уметничка фотографија е дело што мора да предизвика одредени чуства кај гледачите и може да го направи секој момент вечен.
„Публиката ќе има можност да види најразлични фотографии, моменти од реалноста, емоции, многу мигови зграпчени и ставени во рамка. Изложените дела се показател на сериозноста и посветеноста со која и пристапуваме на оваа уметност и претставуваат уште еден доказ за оправданоста на интернационалното реноме кое го има ФКК Козјак“, се истакнува во поканата на клубот до јавноста.
Пред самото отворање на изложбите, Фото Кино Клуб “Козјак”- Куманово ќе се збратими со Фото клуб “Лесковац” од Србија.
Првото издание на „Мајски салон“ било во 2008 година.
Покровители на изложбата се Општина Куманово, традиционално подржана од НУЦК „Трајко Прокопиев“ и е под патронат на Фото Сојуз на Македонија.