Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советниците на СДСМ и нивните коалициони партнери утре ќе да ја напуштат седницата на Советот на Општина Куманово на која градоначалникот и локалната администрација треба да одговараат на советнички прашања.
Советниците на СДСМ го следат примерот на нивните колеги од другите градови во знак на протест поради апсењето на претседателот на Советот на Општина Центар, нивниот сопартиец Мирослав Шиповиќ. И градоначалникот Зоран Дамјановски најавува замрзнување на фунцијата потпретседател во ЗЕЛС.
Шиповиќ беше упасен во Виена на пат кон Скопје и е осомничен за криминал во фирмата „Машинопромет“ каде што е претседател на Управниот одбор.