Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сабота е, 6 август, 11 часот претпладне, а во базенот за капење на ФЗЦ кај Ловечки дом се буричкаат само две - три деца.
Добро бе мајсторе, кај се капачите, што е работава? Толку ми е вруќина што ми се иде сосе алиштава да се нурнам во базенчево. А капачи нема ни за лек.
Е, па сте пораниле бе мајсторе. Децата уште спијат. Ноќеска биле на работа, па редно е добро да се отспијат. Дојдете таму некаде по 16 часот, ќе видите вријарник. Ќе се капат до кај 20 часот, а потоа пак назат, на работа во ноќната смена - се шегува дечкото одговорен за редот на базенот.
Иронизира за ноќните смени на нашите галеничиња што мртви уморни се прибираат дома на изгрејсонце, а всушност кажува гола вистина. И ако се! Кој им е виновен на нивните стари што остареле во трети смени за да им спечалат базени, кафулиња, коли...