Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерката за култура, Елизабета Канчевска Милевска, при денешната посета на Кокино најави дека мегалитската опсерваторија до идната година ќе се означи со табли и ќе се огради, бидејќи ќе се стави на листата на приоритети, со цел да се развие културниот туризам во регионот и Македонија.
Досега имаше континуирано истражувања и оваа година откриени се голем број на наоди кои што ќе бидат презентирани на крајот на годината на изложба во Музејот на Македонија. Има многу локалитети кои се приоритет и таа листа за догодина малку ќе се намали, но овој локалитет ќе влезе се целосна конзервација на потпорниот ѕид. Надлежната институција Музеј Куманово ќе направи пресметка за изработка на табли кои што ќе го означат движењето и целокупната приказна во делот на опсерваторијата. Движење како патеки се со цел да се олесни движењето на туристите - изјави министерката.
Археологот Јовица Станковски потсети дека археолошките истражувања на Кокино се почнати од 2001 година и годинава се завршени, посебно во оној свет дел каде се изведувале обреди.
Овој врвен локалитет е предмет на заштита со кој се аплицира пред УНЕСКО. Она што како содржина треба да го имаме во апликацијата е дека завршени се истражувањата, следува кратка фаза на конзервација на она што е истражено и понатаму уредување со патеки, инфраструктура - вели Станковски.
Директор на Управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ, смета дека уредувањето на Кокино е при крај а недостасува само сувенирница, куќичка за чуварите и водич.