Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението “Коледари“ на 12 септември ќе организира крводарителска акција по повод 10 години од почетокот на првата акција за дарување на крв.
Во текот на овие 10 години се собрани 1500 единици крв. Тоа е исклучително добар резултат. Ние имаме членови кои од самиот почеток даруваат крв и не пропуштаат крводарителска акција. Во просек годишно организираме по 3 крводарителски акции - вели Киро Соларски, секретар во “Коледари“.
Ова здружение првата крводарителска акција ја организираше во 2003 година, а сите овие години настојуваат да ги зачуваат традиционалните обичаи поврзани со големите христијански празници.