×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Коледари“ со музика го славеа Бадник

    06.01.2016 13:39 | KumanovoNews

    Членови на здружението „Коледари“ и граѓани денеска на платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со музика го славеа Бадник.

    „Коледари“ со музика го славеа Бадник

    На граѓаните им беа поделени бадникови гранчиња кои членовиите на „Коледари“ деновиве ги набраа кај манастирот Забел и ги осветија. Од здружението рекоа дека 16-та година по ред прават вакви прослави за да ја сочуваат традицијата.

    Времето наклонето или не, не е важно, се собравме во доста голем број. Има популација од најмали од 2-3 години, па до постарите, повозрасните граѓани. Она што ние сме го организирале, што почна пред 16 години се гледа дека на некој начин успеало. Луѓето ја чувствуваат таа потреба и доаѓаат тој ден за да го почувствуваат празникот. Оваа година решивме да направиме кохезија во здружението, сите се кумови - рече Мирослав Доневски, претседател на „Коледари“.

    Граѓаните кои ја следеа прославата во центарот на градот велат дека и идните генерации треба да продолжат во тој дух.

    Тоа е стара традиција од нашите стари. И вие помладите да ја следите оваа традиција и младите што сега се раѓаат - рече Томислав Стаменковски, граѓанин.

    Присутните се упатија кон црквата „Свети Никола“ каде се делеше колач со паричка.