×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Коледарите го прославија Бадник на Тумба

    06.01.2020 13:55 | KumanovoNews

    Со оро и грејана ракија, членовите на Здружението на граѓани - чувари на традицијата “Коледари“, денеска на Градскиот плоштад го прославија Бадник.

    Коледарите го прославија Бадник на Тумба

    На традиционалната прослава, која се организира во 21. пат се приклучија голем број на граѓани, кои се послужија со овошје и земаа бадникови гранчиња. Кумови на годинешната прослава беа членовите на мото-клубот „Мечки“.

    „Ние сме дел од сите убави традиции и случувања во овој град. Големо задоволство и чест за нас претставува тоа што коледарите не поканија да бидеме кумови на оваа манифестација, да се придружиме на традицијата и на убавата дружба во Куманово. Ние и семејно го прославуваме празникот по сите православни обичаи, а таа традиција ја негуваме и во клубот“, изјави Игор Тимчевски, член на мото - клубот „Мечки“.

    Организаторите велат дека се задоволни од одзивот на граѓаните, а особено од тоа што младите ја прифаќаат традицијата, што им било и цел кога започнале со прославата.

    „Сите заедно работиме да ја сочуваме традицијата. Да ја пренесеме на идните генерации во Куманово. Оваа година кумови се членовите на мото-клубот Мечки, кои дадоа целосна поддршка на она што ние го организираме и многу им благодариме“, вели Бобан Доневски, од здружението „Коледари“.

    Пред да дојдат на Градскиот плоштад, коледарите беа во црквата „Свети Никола“ да ги осветат славскиот колачот и бадниковите гранчиња, кои беа поделени на граѓаните, а прошетаа со пајтон низ градските улици.