×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Коледарите набраа бадникови гранчиња во Орашац

    31.12.2012 09:22 | KumanovoNews

     Членовите на здружението „Коледари„ од Куманово, во саботата набраа бадникови гранчиња во селото Орашац, кои на Бадник, ќе ги поделат на граѓаните.

    Коледарите набраа бадникови гранчиња во Орашац

    Коледарите си ја продолжуваат традицијата. Знаеме Бадникот што претставува, тој е симбол на коледарите. Тие го навестуваат раѓањето Христово, со тоа започнуваат коледарските денови. Овде сите се собрани, повеќе генерации, постарите, средна генерација и младите. Со овој чин сакаме заедно со мештаните да го промовираме кумот Ромео Ивановски, наш сограѓанин кој доста е запознаен со традицијата. Наша цел и кога почнавме беше да ги анимираме околните села, да се знае дека е празник - изјави Мирослав Доневски, претседател на здружение “Коледари“.

    Тој објасни дека секоја година нивен одбор со мештаните договара каде ќе се сечат бадникови гранчиња. Овие активности пред се се прават за граѓаните, а досега за 13 години коледарите посетила 13 села.

     Изборот на кум се прави од оние што ќе изразат желба. Мене лично ми претставува голема чест и задоволство што оваа година јас сум кум на коледарите. Во ова лудо време, така да го кажам, се надевам дека традицијата ќе ја пренесеме на помладите. Наша обврска е да биде што повесело - вели кумот Ивановски.

    На коледарите им се придружија мештаните од село Орашац. Бобан Станковски кој потекнува од Орашац посебно е задоволен што тие се вклучуваат во активностите на коледарите.

    На 6 јануари  на Градскиот плоштад ќе се превземе кумството, а се организира културно-уметничка програма, се делат гранчиња, овошје и топла ракија за граѓаните.

    Здружението “Коледари“ брои 3500 членови, од кои половината се млади луѓе.