Коледарите утре даруваат крв
11.09.2013 08:26
| KumanovoNews
Во ресторан „Фрателис“ во село Клечовце утре крв ќе даруваат членови на здружението “Коледари“.

Од Црвен Крст информираат дека крводарителската акција ќе се оддржи во период од 11 до 15 часот.
Оваа јубилејна крводарителска акција ќе биде круна на сите акции кои “Коледари“ ги организираа изминативе 10 години и собраа 1500 единици крв.