Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово вкупно 850 жени добиваат надомест за родено трето или четврто дете, во Липково 314, а во Старо Нагоричане само 35.
Во Општина Куманово за родено трето дете надомест добиваат 779 жени, а за четврто дете пари земаат 71 жена.
Во Липково за родено трето дете додаток добиваат 297 жени, а за четврто дете 17 жени.
Во Старо Нагоричане за трето дете пари се исплаќаат на 30, а за четврто родено дете на 5 жени.
Се изделуваат две групи, на една страна се жените кои имаат повеќе раѓања (Ромки, Бошњачки, Албанки и Турчинки), а на друга страна се жените кои имаат многу низок фертилитет (Србинки, Македонки, Влаинки и останати). Постоечките разлики во репродукцијата во земјава во иднина ќе предизвикаат последици во рамки на обновување на населението. Мерките како парична помош за трето и четврто дете ќе влијаат на вкупниот наталитет - вели Светлана Илиевска Алексовска, социолог.
Таа смета дека акцент треба да се стави на одговорното, свесно и сакано родителство.
Пред пет години државата воведе мерка за подигање на наталитетот со давање додаток за многудетни семејства. За трето дете надоместот месечно изнесува над 8.000 денари, а за четврто дете мајките добиваат сума нешто поголема од 11.000 денари месечно.